Филипче: Доктори од странство да ги обучуваат нашите доктори

Бараме партнер, кој ќе биде универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите доктори, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашање како ќе се справи со проблемот со недоволна обученост или стручност на кадарот во внатрешноста, кој е актуелен со години и покрај едукациите што се правеа.
Во таа насока, Филипче вели дека веќе е разговарано со Министерството за здравство од Бугарија, а, како што посочува, во тек се разговори и со една болница од Германија

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ