Јанева не одговара на прозивките, премиерот не ги знае Кики и Фрики

Четврти ден како специјалната обвинителка во оставка исчезна од радарот на јавноста и ги исклучи сите можности за контакт на јавноста со неа. Не одговори на телефонскиот број кој е достапен за повици ниту на пораките преку кои Телма се обиде на социјалните мрежи да ја добие. Од СЈО и денеска не откриваат која институција и издала боледување на Јанева, која боледува ден по оставката и одземањето на телефонот за потребите на истрагата за Рекет во која во притвор веке се Бојан Јовановски покзнат како Боки 13ка и Зоран Милевски викан уште и Кичеец. Образложението е дека законски се ограничени да даваат податоци за здравствената сосотојва на шефицата од која и тие веќе неколку изгубиле контакт.   

Надлежните не ја следат Јанева бидејки таа засега не е осомничена, а опозицијата јавно изрази сомнж дека веќе ја напуштила државата злоупотребувајќи го оправдувањето со боледување. Прашуваат како е возможно да се разболи во истиот ден кога излезе скандалот, која здравствена установа и го издала и дали Фондот за здравство ја проверил веродостојноста на боледувањето. Опозицијата бара одговори од премиерот и за функционерите од власта поврзани со осомничените во Рекет кои добија псевдиними Кики и Фрики

Благица Ласовска, Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ:

Исто така надлежните треба да одговорат дали во прибавените докази има материјали кои се обезбедени од МВР од лице кое е вработено на висока позиција таму, кое патем е блиско на лицето Фрики од рекетарските приказни кои се вртеа во јавноста во изминатиот период?

Постојат индиции дека лицето Боки 13 добивал насоки кои лица да ги уценува и кои методи да ги користи од високи функционери на власта и СЈО со цел нелегално прибавување на милионски износи.

Кики и Фрики за мене не постојат одговори премиерот Заев.

Кога ќе ги соопштите јавно тогаш ќе може да зборувате за нив, па ако ги знаете кажете ги, па нека ве тужат за клевета. Кики и Фрики за мене не постојат. Кога сте впуштате во истражувачко новинарство, треба да бидете храбри. Повелете истакнете го секој, истражните органи ќе ви дадат податоци дали има истраги или не и секако секој ќе си ја сноси одговорноста, рече Заев.

Премиерот не открива кои се бизнисмени му се пожалиле на рекет од дуото Јовановски – Милевски и на одговори упати кон истражните органи. Од обивнителството за организиран кримианал велат дека собираат докази. За сега обвинителката Русковска не ги повикала обвинителите од СЈО кои и јавно рекоа дека се отворени  за соработка. Тие веќе една недела не одат на судења а повторно ќе треба да се вратат во судниците по 15 август кога завршува и судската ферија. Каков закон ќе изгласаат партиите ќе зависи каков курс ке добијат истрагите.

Елена Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ