Заев: СЈО се интегрира во ОЈО

Претседателот на Владата Зоран Заев соопшти дека пред Собранието ќе предложи нов Закон за јавно обвинителство со кој ќе се дефинира трансформацијата на Специјалното јавно обвинителство. Поради неуспехот да се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ за иднината на СЈО Заев ќе се обиде во Собранието да добие доверба од пратениците за новиот предлог.

Заев додаде дека новото обвинителство ќе работи во рамки на Републичкото јавно обвинителство, односно дека ќе биде во хиерахија и субординација кон државното јавно обвинителство. Новото име на СЈО ќе биде Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција, а за шефица Заев ја предлага обвинителката Вилма Рускоска, која во моментов го води Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

„Суштинските делови на овој предлог закон кој денеска ќе биде доставен до политичките партии и до медиумите, предвидуваат СЈО како структура да се интегрира во досегашното ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и да добие нов назив односно Јавно обвинителство за гонење организира криминал и  високa корупција. Ова обвинителство ќе има надлежност на цела терит на Република Северна Македонија“, рече Заев.

Премиерот додаде дека текстот на законот предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да работат во ова обвинителство.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ