Се бара за Катица Јанева –дали е употребена или направила злоупотреба

Истрагата да заврши и да даде одговор за улогата на специјалната обвинителка Катица Јанев во случајот во кој двајца контроверзни бизнисмени се притворени поради милион и пол евра  рекет земен од осомничен бизнисмен во СЈО, прашањето го поставува премиерот и твдри дека стои зад Јанева додека не се докаже дали е виновна, односно злоупотребена или употребена.

Белгискиот експерт, Питер Ван Хојте кој учесник во пржинските настани каде беше креирано СЈО за да почне и во Македонија да се гонат корумпирани и криминални функционери. Смета како и Европската Унија дека треба СЈО да ги продолжи своите истраги за криминалите од прислушуваните разговори, но и актуелниот случај да не се украсува со непотребни шпекулации туку со ефикасна истрага да се утврди има ли функционери кои наместо да го спроведуваат го кршеле законот. Ван Хојте има и можен мотив за истрагата.

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот? Како одговор на ова „во чиј интерес е ова да се случува“, можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да тргне напред.“

За опозицијата СЈО е компромитирано и веќе минато време. ВМРО-ДПМНЕ преку лидерот Мицкоски уште вчера бараше притвор за Јанева и ја обвини власта дека таа ги нарачувала обвиненијата на СЈО и створила криминален октопод. Заев пак има уште надеж дека ќе се донесе закон за јавно обвинителство со опозицијата и преку тој закон да се осигура иднината на специјалното.

За оние што се во правосудството кое треба да донесе правда и да претрпи реформи и кои јавно се согласија, коментираат кратко.

СЈО, ова актуелното има рок на траење до 15-ти септември. Со нов закон треба да добие продолжен мандат но и нови обврски за гонење на криминал и корупција во највисоките политички и функционерски кругови.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ