Штипската Клиничка болница им должи на вработените околу 200.000 евра

Над 400 лекари, медицински сестри и болничари си ги бараат парите за дежурствата кои во изминатите три години не им се исплаќани согласно колективниот договор. Директорот на болницата вели дека ова се првичните пресметките за долгот кон варботените, а се очекува тим од Фондот за здравство да изврши увид во документацијата, по што точно ќе се знае колку треба да им се исплати на лекарите и на медицинскиот персонал.

Директорот на боницата,Ален Ѓеорѓијев, вели дека доколку не се постигне договор со вработените постои опасност од блокирање на сметката на болницата.

Болничарите од штипската Клиничка болница се првите кои ја тужеа болницата за неисплатените дежурства, дел од нив споровите веќе ги добиле, а парите им се исплатени со помош на извршители.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ