
Лошиот пример за судијката која го ослободи Латас го разлути кривичен, не и судскиот совет
Обвинителите да си го гледаат својот двор дури и кога не се задоволни од пресудите на судиите. Ова му го порачаа од Кривичниот суд, на првиот човек на државното обвинителство Љубомир Јовески. Предупредувањето за убаво однесување на обвинителите кон судиите доаѓа по вчерашната изјава на Јовески дека на судијката Марија Клетничка која го ослободи Драган Павловиќ Латас не и е место во судството. Од судот сметаат дека се работат за паушални обвинувања. Јовески пак вчера реагираше но не го повика судот кој се најде повикан да одговори туку судскиот совет кој е надлежен да ја преиспита работата на судиите.
Од судскиот совет за сега немаат намера да го преиспитуваат работењето на судијката Клетничка. Претседателот Киро Здравев вели дека Апелациониот суд е надлежен за да ја преиспита судската одлука, а не судскиот совет. За утврдување на одговорност на судија, му порача на Јовески да поднесе преставка бидејќи институционално а не преку медиуми советот може да реагира. За Јовески пак шокантна беше и самата одлука на Клетничка која со пресудата не ја спроведувала судската пракса во пресуди за изградба на дивоградби.
Тонско Судска пракса, не се бара записник од инспектор ни дали пријавил или не туку доволно е да почне да гради без одобрение ветинг
На почетокот на месецов беше донесена одлуката со која Латас се ослободува од виназа изградбата на дивоградбите во Зелениково. НА критики наиде судското образложение дека не може да биде осуден тој бидејќи ни градежните инспектори не го спречиле. Предметот беше на СЈО но сега државниот обвинител повика на ветинг во редовите на целиот судски систем. За сега пак премиерот Заев рече дека ќе бидат поштедени оти се дефицитарен кадар.
Билјана Николовска