Новата бомба на Ел Чека за тендери во ТЕЦ Осломеј, разговор меѓу кадри на ДУИ

Ел Чека постави нови бомби на Фејзбук. Сега тврди дека се разговори меѓу Фекри Ахмети кој е брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери. Според објавувачот на телефонските разговори во еден од нив се зборува да не ги изгубат тендерите во ТЕЦ Осломеј за што било потребно да се избере тендерска комисија. Течеле преговори и со тогашниот премиер Никола Груевски. Во телефонски разговор за Телма братот на Ахмети, Фекри вели дека не се занимва со политика, работел во општина и немал никаква поврзаност со Осломеј.

Што фактор сум јас, државен службиеник сум во општина. Сега ние оти сме фамилија од Али Ахмети па како да можеме да правиме се. Законите за сите се исти. Има институции што истражуваат, нека  докажат а и ние сме спремни да докажуваме, вели Фекри Ахмети – брат на Али Ахмети.

Се споменува и името на актуелниот заменик директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани за кој се вели дека ако го тргнат од игра нема да може ништо да се направи. Лимани за Телма вели дека објавувањето на бомбите на ел чека има политичка заднина и ќе заврши до следните избори. И премиерот Зоран Заев во бомбите на Ел Чека гледа политичка позадина, но за аспирации за негов наследник.

Од ЕЛЕМ за сега немаат коментар за кој тендер се работи и во кој период. Лимани е директор од 2011 и е единствено останат од претходната гарнитура. И СЈО до сега нема никаква истрага за можно местење на тендери од кадри на ДУИ но не се знае дали воопшто ги има истите разговори кои ги поседува и ел чека.  Само предметите Тарифа и Труст беа отворени од СЈО а поврзани со тендери за ископ на јеловина и набавка на софтвер за ЕЛЕМ.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ