Дрецун: Во авто-салон во Скопје сместен моќен разузнавачки центар

Во авто-салон во Скопје е сместен моќен анти-српски разузнавачки центар. Во тек е тајна операција на странски служби против Србија. Ова во интервју за РТС го изјави Милован Дрецун, претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово.

Според неговите тврдења, разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија работат на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина, а овој силен разузнавачки тим, според неговите зборови, е формиран пред два месеца, и работи против интересите за Србија. Дрецун го обвинува премиерот Заев дека не е искрен кон Србија, со оглед на тоа што го зборувал со руските комичари дека ако се разменат териториите меѓу Белград и Приштина, тогаш би дошло до дестабилизација на регионот.   

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ