
Тетовските булевари никако да се довршат
Во Тетово не постои ниту една сообраќајница која го поврзува едниот со другиот дел на градот. Има три булевари и сите три се непробиени веќе неколку децении.
Секоја власт ветува завршување на овие инфраструктутни проекти, но состојбата на терен е иста. Поради недовршените делници, возилата мора да се пренасочуваат низ тесни улички и сокаци, за да стигнат до одредени дестинација. Тоа дополнително го зголемува сообраќајниот хаос.
Како и многу пати досега, од Општина Тетово дадоа ветување дека ќе се пробијат булеварите. Овој пат многу оптимистички.
Претседателот на советот на Општина Тетово Беким Мемети вели дека за помалку од еден месец. ќе се започне со пробивање на булеварот Благоја Тоска.
Но на терен за пробивање на Благоја Тоска, не се случуваат никакви подготвителни активности
Нема никакви активности ниту за довршување на булеварот Индустриска, кој треба да помине низ спортскиот центар, а според најавите градежните активности за пробивање требаше да започнат изминатава пролет.
Зоран Димовски