
На дел од охридските плажи е забрането капење
На дел од охридските плажи од синоќа осамнаа знаци со забрана за капење – Во водата на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан се влеваат фекалии. Станува збор за населбата Воска, првата населба од тврдината кон Струга. Општина Охрид информира дека проблемот се должи на нефункционалниот колектор во овој дел од крајбрежјето и проблемот со канализационата мрежа, по течението на реката Грашница.