МПЦ повика на заедничка литургија со БПЦ

Следен чекор што треба да го направат Македонската и Бугарската православна црква е заедничко служење на литургија вели владиката Наум во интервју за бугарската агенција БГНЕС . Деновиве испративме писмо до неговата светост патријархот Неофит со братски повик за заедничко служење на светата литургија, вели струмичкиот митрополит

„Следниот чекор е заедничко служење на светата литургија со што заедно во пракса ќе ја исполниме одлуката на БПЦ со која таа прифати да биде црква мајка на Македонската православна црква– Охридска архиепископија. Ако двете цркви заедно не служат света литургија, тогаш каков и  да има договор меѓу нив или еднострани дејствија тие нема да имаат смисла, ниту содржина“, вели митрополитот струмички Наум.

Се уште не е договорено кога би се започнале заедничките литургии. Оваа идеја се уште е во фаза на повик и желба на МПЦ објасни за Телма портпаролот на Синдото на МПЦ – ОА владиката Тимотеј. Според него во многу скоро време ке бидат релаизирани и конкретни чекори мегу двете цркви, но какви не сакаше да открие. Вели кога ќе се случи, јавнста ке биде известена но не е добро пред време да се објавува.

Во интервјито за БГНЕС,  струмичкиот митрополит вели дека е запознат со информацијата дека Вселенската патријаршија гледа позитивно на барањето на Макеоднската православна црква, БПЦ да биде нејзина црква мајка и објансува дека последниот збор ќе го има вселенскиот патријарх Вартоломеј, како што е редот во Православната црква.

Според него, познати се заедничките предизвици со кои се соочуваат 2те православните цркви. Најсуштинско и најважно е дека црквата треба да се соочи со сопствените предизвици.

„Во црквата нема доволно вистински духовни отци и духовни лидери кои правилно ќе размислуваат за доброто и за злото, кои ќе донесат храбри одлуки и ќе застанат зад нив, кои ги решаваат проблемите и кои се способни да ги привлечат и водат верниците. Недостигот на духовни отци-лидери е клучниот проблем на црквата денес“ ,рече митрополитот Наум

Светиот синод на Бугарската православна црква на 27 ноември минатата година одлучи да  помогне и посредува пред помесните православни цркви за канонскиот статус на Македонската православна црква- ОА. Ова следуваше по писмото што на 9 ноември МПЦ – Охридска архиепископија го испрати до БПЦ во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква

 

Елена Ивановска – Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ