Сложено име и уставни измени е ставот на грчкиот политички врв

Сложено има за севкупна употреба, но и ревизија на евентуални одредби во Уставот кои алудираат на иредентизам е ставот на грчкиот претседател и дел од политичарите во земјата. Ова вчера  го соопшти портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на новинарски прашања.

„Сакаме сложено име кое што ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. За да важи за сите, предуслов е промена на уставното име на соседот. Без промена на уставното име на соседот, не може да биде исполнет предусловот да важи за сите. Промена на уставното име за да биде правно исправно, бара и промени на Уставот на соседната земја. Ако постојат одредби во Уставот на соседната земја, кои би можеле да упатуваат на иредентизам, ќе треба и тие да се ревидираат“, изјави Ѕанакопулос.

Тој додаде дека за сите отворени прашања во рамките на преговорите ќе разговараат двајцата министри за надворешни работи  Димитров и Коѕијас на нивната следна средба која е закажана за идната недела.

Ставот на македонскиот државно – политички врв е дека нема да има никакви промени во уставот, а тоа во неколку наврати го соопштија Заев и Димитров.

 

Министерот Димитров  го потврди своето присуство на одржува неформалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ на која учествуваат и министрите од земјите–кандидати за членство што ќе се одржи во Софија, а се чека на потврда и од Коѕијас.  Доколку тоа се слчучиу тие ќе се сретнат на маргините на на состанокот на официјалната средба најверојатно ќе бисде во брисел.

Средбата Димиторв – Коѕијас – Нимиц, според високи владини извори всушност ќе биде вистинскиот почеток на преговорите, бидејќи на неа ќе се се влезе во суштината на преговарачкиот процес, за разлика од досега кога само се соопштувале позициите.

Во случај преговорите да заглават, високи владини извори информираат дека можно е да се вклучи, „булдожер“ од меѓународната дипломатија, по примерот дипломатите Ричард Холбрук и Карл Билт кои посредуваа за Дејтонскиот договор. За сега не  се откриваат конкретни имиња кои би ја презеле таа улога.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ