
Непосредноста на политичарите – вистинска блискост или ПР стратегија
Присност, непосредност, неконвенционален речник или нов ПР на политичарите за градење на имиџ на луѓе од народот, е новиот бран на однесување на државниците насекаде. Последните неколку примери за тоа стигнаа од Сараево, во кои главни улоги беа лидерите од регионот.
Ваквото неформалнот однесување меѓу политичарите за комуникологот, Јасна Бачовска Недиќ, е нешто што секогаш постоело, но развојот на комуникациите и новите технологии го направило тоа сега достапно до граѓаните, да го следат непосредно.
Ваквото неформално однесување меѓу политичарите за комуникологот, Јасна Бачовска Недиќ, е нешто што секогаш постоело, но развојот на комуникациите и новите технологии го направило тоа сега достапно до граѓаните, да го следат непосредно.
„Со интензификацијата на глобализацијата, со една подинамична меѓународна акција, добиваме и поцврсти лични врски и пријателства. И тука имаме омекнување на формалната комуникација, поголемо прусуство на неформалната комуникација, еден поинаков тип на неформаланата комуникација, која што можеби ги руши оние формални кодови кои што се воспоставени во протоколот“, вели Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правен факултет.
Создавање на таква блиски врски меѓу политичарите во изминатава година постојано беше потенцирано од премиерот Заев за пријателството со пораешниот грчки премиер Ципрас, со кого постојано се ословуваа по име, како и министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас.
Дури и генералниот секретар на НАТО, воздржаниот Норвежанец, ја покажа својата непосредна страна во Скопје.
Но освен создавањето блискост, Бачовска наведува дека втора причина за омекнување на протоколарните правила во однесувањето на политичарите е и нивно градење на имиџ.
„Во демократските земји, се повеќе и повеќе, политичарите се избираат не само врз основа на нивната идеологија, стручни и функционални знаења, туку и врз основа на нивните социјални вештини, како тие знаат да се однесуваат со други луѓе, со други политичари, колги и т.н.“, вели Бачовска Недиќ.
Но политичарите знаат некогаш, народски кажано, и да претераат во присноста и непосредноста.
За Бачовска Недиќ вели дека границите на однесување на политичарите ќе се формираат низ еден спон тан процес, но клучни во тоа ќе бидат изборите.
„Веројатно границата ќе бидат следните избори и вкусот на граѓаните, до каде може да се оди“, вели Бачовска Недиќ.
Според неа политичарите со поширока публика, како на пример американскиот претсеател Трамп, чие однесување секојдневно изненадува, можат да си дозволат поголеми маневри, за разлика помалите општества, како нашето, каде генерално постои поголема непосредност со политиачрите не би смеле да си дозовлат такви маневри во однесувањето.
Тамара Грнчароска