
Лицата со попреченост тешко стигнуваат до правдата

Лицата со попреченост и со оштетен вид имаат тежок пристап до правдата. Можат да влезат во десетте судските палати во земјава , но за да пристигнат до судниците или до канцелариите на обвинителите и на судиите пред себе наоѓаат низа на пречки, покажа истражувањето на Коалицијата Сите за правично судење и УСАИД. Основниот суд Скопје два и во Струга немаат ниту судници на првиот кат, додека во Гостивар и во Охрид имаат само по една судница.
Во пет судови има лифтови, но во четири нема, какошто е примерот и со судската зграда во Штип.
Лицата со инвалидски колички немаат пристап до граѓанскиот оддел во Основниот, но и до апелацискиот и основното и вишо јавно обвинителство, бидејќи се наоѓаат на погорните катови. Судиите и обвинителите во вакви случаи мора да се сноаѓаат и да соработуваат, утринава имале таков пример, учесници во тешка сообраќајна несреќа, кои се движеле со помош на патерици изјавите морале да ги даваат на првиот кат.
Но, најтешко им е на слепите лица. Ниту еден од судовите не е во можност да обезбеди препис на документи на Браилово писмо,вклучувајќи ги тука и пресудите, што неминовно ги доведува лицата со оштетен вид во далеку понеповолна положба од останатите групи кои се јавуваат пред судот, покажа истражувањето на коалицијата Сите за правично судење.
Викторија Јованова