Лицата со оштетен вид во Македонија без пристап до правда

На лицата со оштететен вид им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите заклучи коалицијата Сите за правично судење, која во периодот од декември 2018 до март 2019 година спроведе истражување за физичката пристапност на 10 основни судови.

Истражувањето е спроведено во основни судови во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар за нивните услуги од аспект на физичкиот пристап до правда.

„Во набљудуваните судови не постојат тактилни ленти, Браилово писмо, ниту прилагоден фонт на текстот за лица со оштетен вид или потешкотии во читањето. Во најголемиот суд Основен суд Скопје – граѓански суд, лифтот е нефункционален, а судот не поседува судница на приземјето како би можело да се олесни пристапот до правда на лицата кои се соочуваат со попреченост“, нагласува коалицијата Сите за правично судење во соопштението.

Ситуацијата, како што наведува коалицијата, не е променета од истражувањето направено во периодот септември-декември 2018.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ