
Докторите прашуваат како да работат за 15.000 денари
Во Општата болница во Дебар примиле млада докторка да работи за 15 илјади денари плата, без платени придонеси, затоа што нема лиценца за работа, тврдат од дебарската болница. Нивниот став го пренесоа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Лекарите потоа обелоденија дека докторката веќе три месеци има лиценца. Но, на сметка се уште добива 15 илјади денари плата, без платени придонеси. Специјализантите бараат одговори – дали властите вака планираат да ги задржат нив во земјата?!
Конфузната ситуација ќе ја решаваат одговорните во Министерството за здравство. Тие веќе контактирале со менаџментот на Општата болница во Дебар.
- Од директорот на болницата е побарана целата документација. Штом ќе биде разгледана од нашата правна служба, Министерството за здравство ќе излезе со став, соопштија од Министерство за здравство
Плата на лекар во секундарно здравство, односно во болниците изнесува околу 500 евра.
Петар Догов