
Заев: Жртва сум на измамници со анти-НАТО ориентација (видео)
„Жртва сум на измамници од земји со анти-НАТО ориентација“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по повод снимката што ја објавија руски пранкстери.што му се претставиле како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг. На прес конференција рече дека не бил единствениот кој е измамен, а со оглед на тоа што меѓу измамените се и францускиот претседател Макрон, поранешниот британски министер за надворешни Борис Џонсон, значи дека е во „добро друштво“.
Заев рече дека не е точно дека разговорот е целосен, туку дека има исечоци. И се извини на јавноста и рече дека искрено верувал дека разговара со Порошенко и Столтенберг и нема намера да поднесе оставка.