Штипскиот фудбалски клуб Брегалница од денеска има нов сопственик

Штипскиот фудбалски клуб „Брегалница“ има нов доминатен сопстеник. Општината 51 отсто од акциите ги продаде на штипскиот бизниснисмен и спортски работник Кирил Гогов, кој во буџетот инксасирал 787.200 денари. Продажбата доаѓа откако советниците од мнозинството, но и од опозицијата едногласно ја донесоа одлуката за продажба на акциите на берзата. Штипјани низ годините најголемите критики за трошењето на буџетските средства ги упатуваа токму на сумата која се слеваше во овој клуб.

Новиот сопственик на Брегалница, којашто постои речиси еден век во наредните 10 години ќе раководи и инвестира. Доколку има намера да ги продава акциите, прво треба да ги понуди на општината, која е сопственик 49 отсто од акциите.За Гогов приоритет е враќање на Брегалница во првата лига.

Телма информираше дека токму финансирањето на овој фудбалски клуб се најде и во ревизорскиот извештај за работата на општината во 2017 година. Ревизорите тогаш забележаа дека немале јасна слика како претходното локално раководство ги трошеле парите за овој фудбалски клуб.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ