Судењето за Ел Чека се одложи

Не почна судењето во кичевскиот основен суд  против Шекерим Ахмеди познат како Ел Чека. Неговото столче во судница остана празно. Од судот за Телма информираат дека судењето било одложено за 26 август. Иако во јавноста е познато дека Ел Чека е во САД, за да бидат запазени  процедурите, судијката доставила писмено барање до полицијата да ја известат дали обвинетиот е достапен. Ако на следното рочиште МВР официјално одговори дека не е во земјава, ќе бидат исполнети условите за обвинителството да прелдожи да му се суди во отсуство, објаснуваат од судот за Телма.

Кичевецот кој преку океанот објавуваше на фејсбук прислушувани разговори од поранешни и сегашни функционери, претежно на ДУИ, е обвинет за неовластено прислушкување и тонско снимање, дело за кое му се закануваат од 1 до 5 години затвор.

На Фејсбук се уште има активни профили со неговиот псевдоним на кои се реобјавуваат бомбите, за кои Ел Чека тврди дека ги добил од тројца обивнети во Диво Насеље.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ