Архитектите се изјаснија против Клинички на постоечката локација

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија апелираат до Владата да не ги потроши парите од кредитот од европските институции за доградба на  постоечкиот Клинички центар. Како архитекти очекуваат проект на нова локација, како онаа вцртана во Генералниот урбанистички план на Скопје уште пред десетина години во населбата Бардовци, Скопско.

Сообраќајниот чвор на сегашната локација и немањето простор за додатни објекти се главните причини кои архитектите ги посочија против идејата за изградба на Клинички која неколку години ја најавуваше претходната власт.

Се пожалија дека до сега и двете тела на архитекти ниту пак архитектонскиот факултет не биле консултирни за идејните планови од Владата, иако премиерот Зоран Заев пред неколку дена најави дека набргу владата ќе донесе одлука. Пред три годни тогашната влада сечеше лента за нов клинички центар, за по доаѓањето на министерот Арбен Таравари јавноста да дознае дека планот бил во една зграда до клиниката за гинекологија да се сместат неколку интерни клиники, а да гради со кредит од 70 милиони евра, пари од Европската унија. Владата ја разгледа информацијата и одлучи проектот да се ревидира, но на конечна одлука се уште се чека.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ