Четворица вооржени крадци уракле 90 илјади евра од НЛБ Тутунска банка

Четворица вооружени градци во 10 и 30 часот изутринава влетале во скопски Чаир. Вработените во банката исплашени од оружјето на крадците им дале приближно 90 илајди евра. Крадците си заминле со возило, а полицијата го блокираше влезот и излезот во општината претресувајќи го секое возило.

Од банката информираа дека во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства, се вели во нивното ивестување. Полиција, пак, се уште работи на пронаоѓање на крадците.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ