Финансиската полиција ќе ги истражува 42-те милиони за Археолошкиот музеј

Финансиската полиција има отворено неколку предистраги околу проектот Скопје 2014, а ќе биде истражувана и изградбата на објектот во кој се сместени Државниот Архив, Арехолошкиот музеј и Управниот суд вреден 42 милиони евра.

Засега од Финансова не откриваат во детали кои објекти се под лупа и што точно е откриено, но потврдуваат дека интензивно работат на проектот Скопје 2014.

Минатата недела, камерата на Телма, ги регистрираше обвинителите од СЈО кои дојдоа во Финансиската полиција, но дали станува збор за тековна соработка или за конктеретн предмет не открија двете страни.

Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) во декември минатата година соопшти дека го го превзема предметот Скопје 2014 од Обвинителството и дека веднаш ќе шпочнат да постапуваат.

И директорот на Архивот, Кирил Петров, побара од обвиниутелството да се истражи како и на што се потрошени 42 милиони евра за објектот кој прокиснува.

Според истражувањето на тимот од БИРН, изградбата на објектот во кој што сега е сместен Државниот архив, еден од најпрепознатливите од прокетот „Скопје 2014“, траеше повеќе од четири години и чинеше 42 милиони евра.

Инвеститори беа СОЗР, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Автор е „Етапа Проект“ а изведувачи се Бетон Штип, Гранит Скопје и Градежен институт Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ