
Владата ќе издвои 7,5 милиони евра за изградба на брана на река Отиња
Владата ќе издвои 7,5 милиони евра за изградба на брана на река Отиња објавија денеска во Штип, на зедничката прес-конференција премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, Трајан Димковски и градоначалникот ан Општина Штип, Благој Бочварски.
Реализацијата на овој проект од страна на локалните власти беше ветуван на штипјани повеќе од 35 години, а беше организиран и самопридонес кон крајот на 80-тите години на минатиот век. Тендерската постапка треба да почне во септември, а пари ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот.
За две и пол до три години се очекува Штип да ја добие вештачката акумулација.
Викторија Јованова