Армијата ќе почека на новите унифирми

Четворица министри за одбрана, седум години по ред набавуваат нови униформи за армијата, но досега безуспешно. Во меѓувреме тројца министри ги промовираа речиси истите нови службени униформи на армијата, чии готови парчиња веќе неколку години се складирани во магацините и чекаат униформата да биде докомплетирна и ставена во употреба. Но откако пред неколку дена министерството го раскинат договорот за набавака на 14.000 комплети воено-теренска униформа, поради неисполнувањето на договорот за набавка од страна на фирмата – Армијата ќе почека на целосно комплетирање со нови униформи.

„Не е добро да се влечат процедурите, не е добро да се работи без процедури. Тоа го кажавме  од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите, кои нема да одговараат на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена. Затоа целта не ни е фокусирана на 18 август, затоа што станува збор за борбени униформи, а не станува збор на службени унифомри“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

Во меѓувреме додека се решава проблемот со квалитетот на новите униформи на Армијата таа пред два дена го доби и официјално своето ново име – Армија на Република Северна Македонија – со уредба од претседател на државата. Согласно новото име ќе се менуваат и ознаките на униформите, за што исто така е потребно време и процедури.

„Ние во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација, така што никој не очекува работите преку ноќ да се променат. Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со уредбата од претседателот“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.

Инаку кога Фатмир Бесими му ја предаваеш минстерската фортелја во одбрана на Талат Џафери во 2013 година, му посака да го исполни тоа штои тој не успеа, да ја облече во нова униформа армијата. И на Џафери тоа целосно не му појде од рака па на својот наследник Зоран Јолевски му ги остави мострите за новите службени униформи кои ги промовираше во декември 2013. Малку видоизменета Јолевски во 2017 ја воведе свечено новата службена униформа за офицерите и подофицерите на армијата, но која до денес се уште не е во употреба.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ