ДКСК: Владата треба во најкраток можен рок да предложи нов министер за финансии

Антикорупциската комисија ќе му укаже на премиерот Заев и на владата дека во најкраток можен рок треба да предложи нов министер за финансии бидејќи ресорот е многу важен и за функционирањето на државната управа, истакнаа денеска на брифингот во ДКСК.

Од комисијата потврдија дека денеска до владата и до М-НАВ испратиле допис со кој ги задолжуваат да им ги достават сите потребни информации и документи за тендерот за набавка на авио-навигациска опрема, како и за улогата на генералниот секретар Драги Рашковски во процесот. Во согледувањето на случајот ќе бидат разгледани и аудио снимките, улогата на разрешениот директор Чепуњоски во целиот случај, а ќе се бара и договорот зошто со години не е реалзиран тендерот кој е завршен со избор на италијанската Леонардо уште во 2016-та година во време на претходната влада.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ