
Орце Камчев наспроти Сашо Мијалков во судница
Доскорешните бизнис партнери одново ги спои судот во случајот за малтретирањето на Љубе Бошковски во предметот „Тортура“. Сашо Мијалков обвинет, Орце Камчев сведок против него. Најзвозбуден беше Камчев кој непрестано добиваше прашања од специјалниот обвинител Љубомир Лапе, одговарјќи му отсечно со барање да успори. Камчев не се сеќава дали зборувал со новинарката Оливера Трајковска во 2011-тата за апсењето на Бошковски, велејќи и на судијката дека не е забрането да зборува на телефон за криминални случаи.
Да со многу луѓе разговарав, како најверојатно и обвинителот тој ден, а и вие судијке. Не е забрането да се разговара за криминал, рече Камчев.
Бомбите се лепени, сечени и монтирани, и не им верувам дали се точни, рече Камчев, додека, пак сведокот пред неа, новинарката Оливера Трајковска потврди дека аудио разговорот е вистинит и добро се сеќава дека токму Камчев ја известил дека нешто ќе се случи за еден час.
На Камчев му кажав дека сум прилично разочарана од настаните, а Јордан ми кажува дека ќе се случи нешто за еден час, сведочеше Трајковска.
Дали ви кажа од кого ја добил таа информација?
Ние во разговор имавме навика да го наречеме „пријателот“. Тоа се однесува на Сашо Мијалков. Тој му кажал дека утре ќе се случи нешто, одговори Трајковска.
Ги ислуша и двајцата, но кога дојде на ред и тој да праша,Мијалков кусо ги погледна и рече дека нема прашања. Како дојдоа така и си замина двајцата сведоци повикани од СЈО. Камчев беше видно расположен па позираше пред камерите. Тој во случајот на СЈО „Империја“ си го доби пасошот назад, а Мијлаков останува обивнет во „тортура“ за нехумано псотпаување и ижувување врз тогашнит политички споерник Љубе Бошковски.
Павле Беловски