Средншколците ја положија државната матура со „тројка“

Матурантите добија „тројка“ на државната матура годинава – просечна оценка е 3.47. Иако повеќето анкети направени во земјава покажуваат дека младите сакаат да се иселат од Македонија, матурантите потфрлија на тестот по англиски на државната матура. Најмногу средношколци се пријавиле да го полагаат овој предмет , а просекот  е 3.07, најнизок од сите предмети.

Kај повеќето предмети има подобрување во просек, па така зголемена е просечната оценка по предметот македонски јазик, албански јазик и математика. Благ пад на просечната оценка има  по билогија, историја , турски јазик и бизнис.

Кандидатите кои полагале во јуни, но не положиле, дел или сите испити од државната матура ќе можат повторно да се пријават за полагање во август. Оваа година Државна матура полагаа 15.553 ученици.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ