
Заев ќе го преземе кормилото во финансии
Премиерот Заев утре ќе го преземе кормилото во финансии. Иако нема да биде министер тој ќе ги носи крупните одлуки. Владата на седница ќе ја донесе донесе одлуката со која ќе се пренесе правото на времено раководење со министерството до поставувањето нов министер за финасии. Прецизно ќе бидат наведени законите врз основа на кои ќе се стекне со нови ингеренции. Заменик министерката Ширет Елези ќе биде задолжена за комунакции а сите битни одлуки ќе ги носи Премиерот. Првата работа со која ќе се зафати ќе биде ребалансот на буџетот.
Идната недела почнува вториот бран од т.н. „метла“. Ќе бидат разрешени најмалку 25 директори на државни институции.
Се очекува да бидат разрешени и претседатели и членови на управни и надзорни одбори кои не покажале резултати во своето работење.
Јулијана Пешевска