Агенциите одбрани на тендер им наплаќаат дупло поскапи карти на државните агенции

Институциите плаќаат поскапи карти за поефтини авио билети. Телма го продолжи истражувањето за туристичките агенции кој наплаќаат 0,01 денар за услуга за набавка на авиобилет. Преку конкретен пример утврди дека сепак во системот преку кој се купуваат картите се од 100 до 200 евра поевтини од она што агенциите им го фактурираат на институциите.

Ова е фактурата која министерството за правда ја платило за авио билет од Скопје до Загреб. Туристичката агенција Атлантис на Министерството му ја продало по 32 621 но ја набавила преку IATA за 20 401. Разликата е околу 200 евра но министерството тоа не го знаело па ја платило целосната фактура. За возврат добило наплата за услугата речиси гратис, од само 0,01 денар. Летот бил на 8 мај годинава, вакви карти има две односно од скопје до загреб и назад, што значи само за овој лет правда било зијан 400 евра. Додатно назад патувал трет човек што требало да биде екстрадиран во земјава. Неговиот авио билет во ИАТА е платен 11 857, но Атлантис исфактурирала на министерството 20.156 денари или повеќе од 100 евра поскапо.

Се јавивме во агенцијата да ги прашаме дали ова е пракса да се фактурираат поскапи билети од тоа што се набавуваат и дали на овој начин агенцијата ги крши условите од тендерскиот договор. Лути од тоа што истата тема веќе беше обработувана и во емисијата КОД и тоа што беа отворени повеќе прашања од туристичката агенција на висок тон започнаа со најразлични навреди и клевети кон нас.

Податоците за набавката на картите ги испративме и во министерството за правда. Тие до сега немаат направено увид во ЈАТА системот за сами да се уверат дека платиле поскапи карти. А соработката со Атлантис им е со години и преку неа набавуваат многу билети за екстрадиции. Но ова не е единствената институција. Во емисијата КОД веќе објаввме дека дури и обвинителствата и ревизорите набавуваат преку Атлантис, но до сега никој не се запрашал дали 0,01 денар по билет е реален ќар за агенциите и не проверил колкава е вистинската цена на билетите. Исто како струмичката агенција така и Фибула и Ху вејс оф травел се агенции кои ги услужуваат институциите со заработка од стотинка од дени. А токму поради ова речиси секогаш се прворангирани на тендерите. Комората за туризам веќе реагираше на нелојалната конкуренција и испрати допис до владата да направи ревизија на договорите.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ