
Пратениците и од мнозинството и од опозицијата му кажаа не на Законот за урбанистичко планирање предложен од министерот Горан Сугаревски
235 забелешки преточени во амандамни утрово го дочекаа министерот за транспорт и врски Горан Сугаевски во собраниската комсија за транспорт и врски. Сугаревски не можеше да ја сокрие нетрпеливоста од критиката дека новиот Закон за урабинистчко планирање не е добар и треба да го повлече. Но, остана воздржан во одговорите бидејќи повеќе амандмани од опозицијата поднеле пратениците од владеачкото мнозинство.
Не го повлекувам законот категоричен е Сугаервски. Побара од пратениците да му дадат шанса на законот на некоја од идните средби.
Опозицијата по кратка дебата попушти. Ќе се состанува со пратениците од мнозинството и министерот.
Првиот и последниот збор на комисијата ги кажа претседателката Лилјана Затуроска, која изрази сомнеж дека од предложениот тескт може да произлезе закон, иако ги одбори работните средби за да му се даде шанса за министерот да ги поправи заебелешките.
Пратениците пред да го нападнат законот се согласија утре да ги повикаат директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и двете претпријатија на железницата да одговараат на прашања од пратениците за безбедноста на патниот и железничкиот сообраќај. Наредната недела таа можност ќе ја добие нивниот поранешен колега, а сега директорт на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, и директорот на М-НАВ.
Павле Беловски