Нухиу не сака да коментира за унапредувањето на тетовскиот универзитет

Агим Нухиу, заменик министерот за внатрешни работи не сака да коментира за унапредувањето на Тетовскиот универзитет.

Вели дека, додека институционално не завршат постапките не може да даде свој коментар затоа што државниот просветен инспекторат и просветниот инспектор имаат контрадикторни ставови.

Смета дека ги исполнил потребните услови за добиеното звање и дека согласно новите законски одредби  тоа звање е законски доделено.

Во новиот закон за високо образование донесен во мај 2018 та година, пишува дека именувано лице за научно звање смее да предава, да држи испити во петок, сабота и недела, но не може да прима паричен надоместок од факултетот.

Инаку , Агим Нухиу го има добиено звањето вонреден професор , 2017та . Тогашниот закон за високо образоваини исто така не спречува професор чиј работен однос е во мирување да работи , но според тврдењата на вишиот инспектор Ѓорѓи Илиевски , тој земал пари од Тетовскиот универзитет.

Инспекторот пред околу една недела , откако по пошта не стигнаа неговите решенија до саканата адреса, а во кои имаше барања да се разрешат од академски звања функционерите на ДУИ Арбер Адеми, Агим Нухиу и  Сафет Емрули, ги однесе лично.

Илиевски, по инспекциски надзор во април месец утврди дека министерот за образование Арбер Адеми, и двајца сегашни функциoнери во Владата незаконски се стекнале со наставно-научни звања на тетовскиот универзитет – заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

Испратена е и преставката до Антикорупциска.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ