
Бомби ќе пукаат во судскиот случај „Монструм“ по летните одмори
Обвинителката Фатиме Фетаи по повеќе од една година откако го првзема повторениот предмет за петкратното убиство кај смилковкосто езеро ќе мора да почека да завршат летните одмори за да ги испука аудио „бомбите“ како нови докази.
На најавата на Фетаи во судницата пријатно се изненадија и обвинитеите, и родниите на жртвите во масакрот дека по 7-година од макоторпниот процес конечно ќе се дознаее вистината.
Разговорите се од пакетот кој ги предала партијата СДСМ на тогаш новоформирано специјално обвинителство.
Партијата и лидерот Зоран Заев иако ги најавија дека постојат, не ги емтиуваа во јавноста. Кога се доби впечаток дека не постојат „бомби“ со содржина поврзана со случајот „Монструм“, пред еден месец македонскиот државјанин под псеводнимот „Ел Чека“ ја поттикна љубопитноста објавувајќи разговори на својот провил на социјалната мрежа фејсбук.
Објавува од својот дом во Чикаго, САД, но неговите разговори доколку не ги пријави обвинителката, одбраната ќе го стори тоа.
Разврската за „Монструм“ ја зачини и судечкиот совет претводен од Огнен Ставрев кој најави дека и тој ќе изведува докази откако ќе биде завршено новото вештачење на 31 мобилен телефон одземни во првиот налет на полицијата која апсеше осомничени на 1 мај 2012-та.
„Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна“, појасни Ставрев.
На денешното рочиште за случајот „Монструм“ на СЈО беше сослушан само еден сведок во судница. Одговори на едно прашање за познанството со обвинетиот Фејзи Азири и си замина.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата и рибарот, а прво осмничените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, бегајќи од правдата заминаа во соседно Косово.
Павле Беловски