Пеколни горештини и жолта фаза – луѓето се разладуваат кој како стигне, но има и такви кои уживаат во топлото

Топлотниот бран од Европа стигна и кај нас. Термометрите покажуваат повеќе од 30 степени целзиусови. Брзата помош е подготвена итно да им помогне на луѓето со здравствени проблеми и оние кои ќе колабираат поради топлото време.

Надвор може да се сретнат само луѓето кои имале некаква неодложна обврска. Има и такви кои уживаат во топлото.

Надлежните објавија дека деновиве земјата е во жолта фаза. Тоа сепак не подразбира скратени работни часови за бремените жени и луѓето над 60 години. При крајот на неделава, пак, можни се поројни дождови, но не и пониски температури.

„Утре и во среда максималните температури на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да чувствувате дека температурите се повисоки од измерените.“ соопштија од Министерството за здравство.

Внимавајте на храната за да немате потреба од лекар на скопските горештини, предупредија од Итната помош.

Топлотниот бран ширум Европа трае веќе една недела, а има и седум смртни случаи на Стариот континент.

 

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ