
Официјалната апликација на УЈП “Мој ДДВ” достапна само преку приватен профил на Google playstore
Сите граѓани кои се заинтересирани да ја симнат апликацијата мој ДДВ на управата за јавни приходи преку Google playstore, не можат тоа да го направат преку најобично пребарување со клучните зборови Мој ДДВ.
Оваа апликација се води под името на лицето Кирил Соколов, од фирмата “Accent” компјутери , кој ја развила апликацијата за Управата за јавни приходи.
Единствено доколку се впише неговото име, во пребарувањето се појавува апликацијата.
Најмногу од негативните коментари на социјалните мрежи го критикуваат фактот дека лицето Кирил Соколов се води преку адреса во Австрија.