Геј популацијата го измаршира Скопје на првата парада на гордоста

Спектарот на виножитото го обои Скопје. За прв пат на едно место, под исто знаме и со иста цел за поголема видливост и еднаквост, парадираа луѓе со различни ставови, нивни поддржувачи и блиски. На скопските домаќини поддршка им дадоа и гостите од странство.

Многу е важно дека се случува првата парада на гордоста во Скопје затоа сме тука да дадеме поддршка на сите граѓани на Северна Македонија, бидејќи на овој начин се овозможува видливост, и се создава сигурен простор каде што луѓето можат да се чуствуваат прифатени, изјави еден учесник од Софија.

Доаѓам од Албанија бидејќи ова е многу важен настан на кој ја прославуваме нашата гордост, и нашата индивидуалност, наспроти се она што не спречува, порача Арбр од Албанија.

Парадата отпочна во паркот „Жена борец“. Пристигаа со автобуси, и ја поттикнуваа љубопитноста кај случајните минувачи. Граѓаните од едната и од другата страна на металната ограда не можеа да разменат мислења, бидејќи ги делеше полициски кордон. Дел негодува и навредуваа.

Сепак, целтта е постигната, велат учесниците.

Луѓето доста често мешаат дека ова е само за лгбт заедницата. Но, не е. Прајдот е настан со кој се трудиме да ја зголемиме видливоста на лгбт заедницата и рпоблемите со кои се соочува, но и за подобрување на правата и положбата на лгбт заедницата со што се зајакнува општеството во поглед на почитување на правата на сите граѓани, вели Марко Михаиловиќ учесник на парадата.

Организаторите потфрлија. Иако планирале простор за помалку учесници, бројот на пристуни пријатно ги изнанди. Ја пуштија музиката на најсилно и поитаа преку владата, кон крајната дестинација Градскиот парк.

Тука ги дочека претставничката на евровизиаја со песната „Прауд“, која што ја отвори забавата. Поддршката дадоа и повеќето странски амбасади, македонски политичари, но и истакнати граѓани.

И институционална поддршка доби парадата на гродста, ветувања за аконски измени.

Парадата заврши со музика и забава.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ