Неуспешна ресоцијализација – по третманот наркозависниците се враќаат на порокот

Земјава мора да направи законски измени за третманот но и посериозни чекори за ресоцијализација на лица со проблем на зависност. Ова го покажува компаративната анализа што ја изработи организацијата Избор од Струмица, на три европски земји: Велика Британија, Холандија и Полска со Македонија, каде се забележува висок процент на стабилизирање на поранешни зависници, за разлика од земјава, каде тој број е значително помал.

Во тераписката заедница Покров кај селото Баница во моментов има сместено дваесетина лица кои се во процес на третман за рехабилитација и ресоцијализација. Стручните лица вклучени во нивниот третман велат дека најважно е после излегувањето од тераписката заедница да продолжат со нормален живот, да имаат вработување и секојдневни обврски со што би биле понастрана од пороците.

Избор заедно со шест граѓански организации спроведуваат проект финансиран од УСАИД преку кој веќе вработија шест лица поранешни корисници на супстанци.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ