Османи: Прашањето за името конзумира енергии од реформскиот процес

Вечерва гостин Ноќно студио беше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Ние имавме проблеми со заробена држава во поглед на правосудството, но сепак сме понапред од некои од соседите во реформите“.

Тој кажа дека прашањето за името конзумира многу енергија од одредени реформски процеси.

„Јас не можам да отидам на некоја дебата за реформи, без најголем дел од времето да не збориме за името“.

Тој призна дека Македонија има проблем со толкување на духот на реформите и нивната имплементација.

„Ние сме како точак, се додека вртиме одиме напред, а застанеме, паѓаме. Затоа е добра стимулицаја оваа стратегија за проширување на ЕК.“

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ