Почна Парадата на гордоста во Скопје

Од паркот „Жена борец“ во Скопје почна Парадата на гордоста за подршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе. На парадата се присутни голем број подржувачи од земјава и странство, како и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување а интерес за парадата има не само од домашните туку и од странските медиуми.

Не смееме да потценуваме колку е значаен овој чекор што денеска се прави. Далеку сме од целосно почитување на ЛГБТИ луѓето, ама ова е многу значаен чекор во вистринска насока. Денес, Република Северна Македонија е дел од семејството држави кои имаат одржано Парада на гордоста на својата територија, изјави за МИА, поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата треба да заврши во Градскиот парк.

Паралелно, со Парадата на гордоста, во Скопје се одржува и граѓанско-верски собир „Сведоштво за семејството“ кој е насочен кон заштита на брачните, семејните и верските вредности.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ