Миле Јанакиески и подредените во транспосрт и врски оттуѓиле 4 парцели за два хотели и „Шпански скали“ во строгиот центар на Скопје

27.456 метри квадратни елитно земјиште на плоштадот во центарот на Скопје, и под скопското Кале со малверзации незаконски завршиле во раце на бизнисмени. Сакале да изградат хотели, а требало да никнат и познатите „шпански скали“ декорирани во барок. Истрагата јавното обвинителство ја одвело до Миниситерството за транспорт и врски, а според нив поранешениот министер Миле Јанакиески и шестмина вработени продале четири парцели државно земјиште за 4 милиони евра. Ја злоупотребиле службената положба, не ги раксинале договорите заради неисполнети обврски од купувачите и државниот буџет го оштетиле за 2,6 милиони евра.

Во проневерата прсти вмешал и државниот правобранител за Скопје, кој иако увидел неправилности не го заштитил земјиштето од оттуѓување. И двајца нотари се на списокот на обвинителите. На сега осомничениот бизнисмен му составиле договор со кој наместо да го врати земјиштето на државата во случај на неисполнети обврски тој платил незначителна сума како отштета за потоа и да го препродададе едниот плац. Трајчева, освен притвори за 9-тмина од 11 осомничени побара судот да ги зачува спорните плацеви.

Приказната за Хотелски комплекс покрај кејот на Вардар, отпочна во 2011-тата кога министерството за транспорт и врски на јавно наддавање за градежната парцела со површина од 4.090 квадратни метри за најповолна ја избра понудата на компанијата „Амадеус груп”. Новиот инвеститор ја купи парцелата по цена од 5.000 денари за квадратен метар или вкупно само за земјиштето ќе треба да уплати 332 илјади евра. 4 години подоцна Град Скопје одлучи да го ослободи албанскиот инвеститор од половина од давачаките за уредување на градежното земјиште. На овој начин фирмата „Амедус Деволпмент“ која доби змејиште за хотел се обврза дека на местото на црквата Св. „Константин и Елена“ ќе изгради објектот биде во барок наречен „Шпански скали“. Скалите ги запре сегашниот градончалник на Центар Саша Богдановиќ заради неисполнување на роковите за градба.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ