Се води истрага за “Коки” и “Кики”           

Се води истрага за лицата под псевдомините “Коки” и “Кики”, потврди Премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Антонио Милошоски дали слушнал дека сопственик на медиум и функционер од владејачката партија се занимаваат со рекетирање, корупција, перење и изнуда на пари.

Милошоски побара допонителен одговор од Заев, дали знае кој е “Кики” и која градоначалничка била рекетирана барајќи од неа бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра.

Заев нема информации дали е точно дека сопственикот на медиум изнудил 200 000 евра од поранешен градоначалник на скопска општина.

Сите наводи веќе ги истражува Обвинителството за организиран криминал. Истрагата е отвоена по допрен глас по пишувањата на главниот уредник на Плусинфо, Бранко Геровски кој во неколку колумни говореше за “Коки” и  “Кики” кои се измислени имиња за вистински ликови кои вршеле рекет и уцени во соработка со локални моќници и обвинители.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ