Поглаварот на ИВЗ се појави во ОЈО Скопје

Реисот Сулејман Реџепи се одзва на петтата покана на обвинителството. Попладнево дошол и одговарал на  прашањата на обвинителката која испистува дали поглаварот на ИВЗ во три наврати коиристел говор на омраза, потврдуваат официјално од скопското обивнителство за Tелма.

Новинарите и снимателите претпалднево го чекаа поглаварот на ИВЗ во закажаниот термин, но не го дочекаа. Тој според информациите на Телма пристигнал во обвинителството околу 13 часот и со тоа ги избегна новинарските прашања.

Обвинителството води три случаи на говор на омраза кои ги спои во еден предмет.

Првата предистрага ОЈО Скопје ја отвори по кривичната пријава на Хелсиншкиот комитет затоа што Реџепи во говорот на поставување камен темелник на џамијата во село Арнакија за макеоднскиот народ го нарекол „дива животиња“. Вториот случај беше по допрен глас за за клетвите упатени кон судијката Сузана Дончевска, која впишала во верскиот регистар Скендер Бузаку како негов наследник, а третиот случај е за неговиот ривал Бузаку.

Тој неодамана сведочеше во обвинителството и во изјава за медиумите рече дека добивал навреди и закани од Реџепи. Според инфомрациите од обвинителството како оштетена ќе биде повикана и судијката од граѓанскиот суд.

Од кабинетот на поглаварот на ИВЗ денеска не сакаа да коментираа затоа што постапката е тајна.

Претходно во изјави за медиумите, Реџепи негираше дека ширел говор на омраза и рече дека бил лошо разбран и пренесен.

Инаку Бузаку и Реџепи водат судска битка за челната позиција во ИВЗ. ИВЗ во чија поглаварската фотеља седи Реџепи поднесе кривична пријава до обвинителството против Бузаку, дека со фалсификувани документи бил впишан во судскиот регистар

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ