
Одбиена екстрадицијата на Груевски од Унгарија
Унгарските новинари кои известуваат од судницата во Будимпешта каде се расправа по барањето за екстрадиција на Груевски за Телма потврдија дека надлежната судијка го одбила барањето на амкедонските власти кои по вторпат бараат екстрадиција на поранешниот премиер, овојпат за крвавиот четврток (првото беше барање за испорачување за пресудата од случајот Тенк на СЈО).
Новинарите од судницата велата дека судијката сметала како унгарските судови не може да пресудуваат за нешто што се случило во Македонија. Исто така според унгарските новинари Македонија не може да ја обжали одлуката пред повисок суд.
Груевски уште е во судница, а судијката решила да го ослободи по денешното приведување од надлежните органи.