Македонија по вторпат на сите состаноци на министрите за одбрана на НАТО

НАТО ќе одговори соодветно, доколку Русија не се усогласи со нуклеарниот договор за ракети од среден дострел – е одлуката за една од главните теми на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата. Генералниот секретар Столтенберг со силна порака дека НАТО соодветно ќе одговори.

На состанокот по втор пат по потшишувањето на Пристапниот протокол учествува и министерката за одбрана Рaдмила Шекеринска. Присуството , рече таа,  не е само симболично.

  • Фактот дека и ние седиме на иста маса, дека ние практично го делиме генсек од секретарот на САД покажува дека РСМ не е веќе само партнер како сите овие години туку стануваме сојузник, за нас не се затвораат вратите кога треба да се разговара за сензитивни прашања и учествуваме со наши ставови. Тоа ја зголемува нашата моќ, сила и значење како држава, а тоа на граѓаните им нуди поголема безбедност и шанси за економски раст, истакна министерката.

Неколку билатерални средби се планирани денеска и утре за македонската делегација, главно со фокус – побрза ратификација на пристапниот протокол, процес кој веќе заврши во 19 од 29 членки на Алијансата.

  • Со сите нов досега сме разговарале, ниту една нема дилеми, пораката на САД од вчера е силна и влијае врз другите земји членки, рече Шеќеринска.

Мисијата на НАТО, одлучна поддршка, чиј дел е и Македонија, како и состојбата со кризните жаришта во светот се дел од министерскиот состанок утре. За македонската делегација продолжува и лобирањето за побрза ратификација на пристапниот протокол.

 

Од Брисел за Телма, Боби Христов

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ