Uncategorized Обвинителот Јовески не ги прифаќа во целост забелешките на Греко
Државниот обвинител Љубомир Јовески не се согласува во целост со забелешките на Греко дека обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.
Сепак прифаќа дека треба повеќе работа во борбата против корупцијата и во изјавата за Телма најавува дека ке сеп отрудат да ги отстранат слабости констатирани во извештајот.
“Примерите на отворени предмети против актуелни и поранешни функционери (судии, градоначалници, политичари, државни секретари) покажуваат во пракса дека не постои воздржаност кај обвинителите да отвораат случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Затоа во целост не можам да ги прифатам забелешките изнесени во извештајот. Сепак се согласувам дека нашите напори не се доволни. Работиме на тоа таа борба да ја унапредиме и да ја направиме поефикасна за да одговориме во целост на потребите на општеството и државата, за заштита од оваа негативна појава која силно влијае врз целокупниот развој” – вели јавниот обвинител Јовески.
И Државниот обивнител но и шефицата на обвинителството за организиран криминал задолжено за борба со корупција од висок велат дека за поуспешна борба им недостасуваат поголеми ресурси .
Според Русковска без истражен центар обвинителите зависат од МВР и финансиската полиција а вели и дека на обивнителството му треба и доекипирање.
Првиот човек на судскиот совет Киро Здравев се согласува констатацијата во извештајот на Греко дека напредокот зависи од тоа дали на судството во земјата може да почне да функционира независно и непристрасно.
Од СЈО не го коментираат извештајот во кој вели дека системот на кривична правда не е успешен во борбата против корупцијата.
Забелешки за борбата со корупцијата имаше и во последниот избештај на ЕК.
Елена Ивановска Мукоска



