
Учењето на јазиците од другите етнички групи треба да почне уште во претшколска возраст
Коренот на сегрегацијата и поделеноста на македонското општество е во самото образование, посочуваат граѓанските организации на дебатите каде се презентира нацрт текстот на Нациналната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам.
Невладините инсистираат во стратегијата да биде вметнато и учењето на јзикот на другиот уште во претшколска возраст.
Универзитетскиот професор Абдулемнаф Беџети, смета дека за да се постигне концептот едно општество, треба да се помине долг и тежок пат. Треба сите да веруваат во него, а стратегијата во себе да не содржи толеранција кон нетолерантните групи и поединци.
По добиените предлози и сугестии од невладините, меѓународните организации и академската фела, се очекува во септември да биде изготвен конечниот текст на Националната стратегија кој треба да биде усвоена во владата и изгласана во сорбанието.
Целта на стратегијата е да се намали поделеноста во општеството пред се етничката, и да се охрабри мултијазичната практика.
Зоран Димовски