Инспектори ќе ја проверуваат стручноста на докторите кои ја породувале пациентката која почина на Карил

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера го заврши инспекцискиот надзор во сите установи каде што била младата родилка од Охрид која почина од сепса на КАРИЛ.

Инспекторите одлучија да ја проверат стручноста во работата на докторите кои учествувале во породувањето на пациентката како и нејзиниот постоперативен третман.

Од министерот за здравство побараа да спроведе стучен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и лекувањето.

Родилката од Охрид почина пред четири дена на скопските клиники, десетина дена откако роди здраво женско бебе.

Била ризичен пациент поради тоа што боледувала од ретката болест лупус.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ