
Столтенберг: Северна Македонија е на пат да стане полноправен член на НАТО
Иако оддалечени само околу шест километри, атмосферата за и околу Макеонија во седиштето на НАТО екстремно е поразлична од разочарувањето кое дојде минатата недела од Европскиот совет, кој го одложи датумот за пристапни преговори. Македонија е де факто земја членка изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, кој се одржува утре и задутре во Брисел. Не сакаше да лицитира со датуми, но и не ја исклучува можноста процесот на ратификација да заврши до декември пред јубилејниот роденденски Самит на НАТО во декември.
Проширувањето на НАТО е голема и успешна приказна, тоа помогна да се рашири демократијата, стабилноста и просперитетот ширум Европа и сега последниот нов член ќе биде Северна Македонија. Процесот за ратификација оди прилично брзо. Нормално, всушност кога Црна Гора последна се приклучи, трае една година. Затоа јас не можам и не зависи од мене туку од 28-те национални парламенти да одлучат колку брзо можат да го ратификуваат пристапниот протоколот. Би било прекрасно кога сите би завршиле до декември кога ќе го имаме состанокот на лидерите на НАТО во Лондон во декември. Ако не биде до тогаш очекувам да се заврши брзо по тоа. Така што Северна Македонија е на пат да стане полноправен член, порача Столтенберг.
Добри вести и од амбасадорката на САД. Со пофални зборови за реформските процеси во земјава, навести дека иако нема конечен датум, дека е можно ратификацијата на протоколот да биде завршена ова лето, и пред претходно проектираниот тајминг – на сесијата во август.
Длабоко сум уверена дека пристапниот протокол ќе помине дека ќе го ратификуваме, но тајмингот не е целосно поставен, но мислам дека напорот ќе биде направен ова лето во САД, изјави амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хатчинсон.
Главната тема на дводневниот министерски состанок утре и задутре ќе биде Русија. НАТО планира да излезе со конретен план и последно предупредување до Москва, откако Кремљ се откажа од Договорот за нуклеарно разоружување. Македонија, претставувана од министерката за одбрана Радмила Шекеринска активно ќе учествува во сите дискусии. Но како што се најавува од македонската делегација, се очекуваат и бројни билатерални средби за забрзување на ратификацијата на Протоколот во простанатите 11 земји членки.
Од седиштето на НАТО во Брисел за ТЕлма, Боби Христов