Жестока дебата во комисијата за образованиe

Се вжештува атмосферата во Собранието во пресрет на утрешната седница за владината реконструкција. Наместо суштинска дебата, двочасовната расправа во Комсијата за образование се претвори во кавга за предложените кандидати за министри и причините за оставката на заменик министерот за образование Петар Атанасов.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека според нивните информации Атанасов си поднел оставка од функцијата поради притисоците кои ги имал да не се отворат постапки за универзитетот во Тетово. Ги повикаа и останатите замнеици министри да го следат неговиот пример и да си поднесат оставки.

Министерот Адеми ги отфрли обвинувањата на Вмро Дпмне со образложение дека тој не штити никого а институциите се тие кои  треба да го испитаат целиот случај.Повтори дека жали за оставката на Атанасов особено што таа се случува во чувствителен период .

Поради неможноста да се усогласат за дневниот ред, информацијата за состојбите во основното образование е одложена за наредна седница на која ќе се расправа и за средното и за високото образование.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ