ГРЕКО: Обвинителите не гонат висока корупција и политички чуствителни случаи

Системот на кривична правда во земјава не е успешен во борбата против корупцијата, обвинителите не гонат случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Ова го констатираат експертите на Групата земји за борба против корупцијата (ГРЕКО) во новиот извештај за Македонија за спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот.

Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи, се наведува во изештајот на ГРЕКО.

Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали судството во земјава може да почне да функционира независно и непристрасно.

ГРЕКО генерално за земјава констатира има сеопфатни закони за борба против корупцијата, но на хартија, но со слаба и селективна примена.

Спроведувањето на политики и закони за борба против корупцијата е слабо и селективно и честите законски измени создале општа непредвидлива средина и дозволиле корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето, се наведува во Извештајот.

Јавниот сектор пак за ефикасно спречување на корупцијата исто така покажува структурни и оперативни недостатоци. Според ГРЕКО, политичкото мешање во работата и именувањата во јавната администрација се широко распространети и често полни со етнички елементи, а непотизмот и судирот на интереси не се соодветно третирани.

ГРЕКО во препораките за подобрување на состојбите наведува дека е потребно систематски дa се спроведува проценка на ризик на интегритетот, што ќе ги опфаќа сите функционери и лични советници и надворешни соработници, а во однос на вработувањето на советниците и слични функции врз основ на дискреционо право на функционерите од централната власт ГРЕКО смета дека треба да се воведат правила за неспоивост и да се воведе ветинг врз основа на правилата за интегритет.

Експертите наведуваат и дека е потребна поголема транспарентност, при именувањето на функционерите и нивните работни обврски, како и етички кодекс за лицата кои вршат највисоки извршни функции треба кој би се спроведувал со помош на механизам за санкционирање. ГРЕКО препорачува и да се зајакне надзорот врз изјавите за интереси и имот на лицата кои вршат највисоки извршни функции во владата преку преку зајакнување на Државната комисија за спречување на корупција со човечки и финансиски ресурси, но и надлежности.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ