Тевдовски и по два дена критика во јавноста не најде простор да одговри на нападите

Не стивнуваат критиките во јавноста дека владината мерка за повраток на ДДВ е јалова, односно нема да офајди не повеќе од 5 проценти од вкупното население. Анализите на експертската и грѓанската јавност кои покажаа дека е потребно да се потрошат приближно 18 илајди евра во едно домаќинство, не беа денеска во фокусот на министерот за финансии Драган Тевдовски. Запознаен дека треба да одговара и на прашања за идните ефекти на оваа владина мерка, Тевдовски на денешната пресконференција побара да не се прашува надвор од темата која тој испланирал да ја презентира.

Последната, но одамана презентирана прокеција на невладината фајненс тинк покажа дека најсиромашните семејства ќе вратат едвај 732 денари со владината мерка за повраток на 15 отсто на данокот на додадена вредност. Според пресметките, едвај 5 проценти, пак,  од вкупниот број семејства или најбогатите ќе успеаат во својот домашен буџет да ги повратат оние 28, 800 денари кои ги ветуваат премиерот и министерот за финансии. И тие ќе мораат да потрошат околу 18 илјади евра, но не на смекти за комунлани услуги, кредити.  Четиричлено работничко семејство, кое нема автомобил, за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура, одржување на здравје годишно троши 6.370 евра, а  на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година.

Социјалната потрошувачка кошничка можат да ја покријат само семејствата со две просечни нето плати или со една просечна и една минимална плата. Семејствата со две минимални плати не се во можност без да се откажат од нешто да преживеат и со синдикалната потрошувачка кошничка. Според тоа, тие и најмалку ќе добијат од колачот што се вика поврат на ДДВ, говорат сеопфатните анализи на невалдиниот сектор од областа економија. На ваквите параллени проекции кои доаѓаат од експертската јавност Тевдовски се уште не возвраќа.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ